• сабота, 11 мај 2024

Циципас го пропушта Лејвер купот поради повреда

Циципас го пропушта Лејвер купот поради повреда

Лондон, 20 септември 2023 (МИА) – Грчкиот тенисер Стeфaнос Циципас се повлече од настап на Лејвер купот поради повреда.

Претходно од Тимот на Европа се повлече и Данецот Холгер Руне, а на местото на Циципас ќе настапи 19-годишниот Французин Артур Филс, објавено е денеска на сајтот на натпреварувањето.

Најдобро рангиран играч во Тимот на Европа ќе биде шестиот светски тенисер, Русинот Андреј Рубљов, а негови соиграчи Норвежанецот Каспер Руд, Полјакот Хуберт Хуркач, Шпанецот Алехандро Давидович Фокина и Французинот Гаел Монфис.

За Тимот на Светот ќе настапат американските тенисери Френсис Тијафо, Тејлор Фриц, Томи Пол и Бен Шелтон, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим и Франциско Серундоло од Аргентина.

Лејвер купот ќе се одржи од 22 до 24 ноември во канадскиот град Ванкувер. ег/

Фото: Х

Остани поврзан