• петок, 22 ноември 2024

ЦИК на БиХ утре ќе ги објави официјалните резултати од општите избори

ЦИК на БиХ утре ќе ги објави официјалните резултати од општите избори
Бањалука, 1 ноември 2022 (МИА) - Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) утре треба да ги потврди официјалните резултати од неодамнешните општи избори во таа земја, но можеби нема да може да го стори тоа за сите нивоа на власт.
Доколку Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина донесе поинаква одлука од одлуката на Централната изборна комисија во врска со жалбите поврзани со повторените избори за претседател и потпретседател на Република Српска, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина утре нема да ги потврди резултатите од гласањето на тоа ниво.
Сите жалби за нерегуларности на општите избори одржани на 2 октомври се доставени до Судот на Босна и Херцеговина, а рокот за одлучување е три дена. Од Судот на БиХ не посочија кога Апелацискиот совет ќе донесе одлука по жалбите, а доколку таа не биде донесена пред да бидат објавени официјалните резултати, ќе бидат потврдени само резултатите кои не се предмет на жалба. паг/

Остани поврзан