• петок, 27 декември 2024

ЦИК: Над 90.000 регистрирани гласачи од дијаспората за изборите на Косово

ЦИК: Над 90.000 регистрирани гласачи од дијаспората за изборите на Косово

Приштина, 27 декември 2024 (МИА) - Периодот за пријавување и регистрација на гласачите од косовската дијаспора, кој започна на 29 август, заврши на 26 декември 2024 година.

Портпаролот на Централната изборна комисија (ЦИК), Ваљмир Елези, изјави за RTKlive дека рокот од 120 дена за регистрација е успешно завршен.

Според прелиминарните податоци, бројот на косовски државјани кои се регистрираа како гласачи од странство во периодот од 29 август до 26 декември 2024 година, заклучно со 23:59 часот, изнесува 90.860. Во моментов, 18.244 апликации се во процес на разгледување, изјави Елези.
Тој додаде дека разгледувањето на пристигнатите апликации ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

- Се стремиме во најкраток можен рок да го подготвиме конечниот извештај за вкупниот број регистрирани гласачи од дијаспората, со податоци поделени според начинот на гласање и според државите, истакна Елези. ссм/

фото: архива

Остани поврзан