• вторник, 19 ноември 2024

Цивил убиен во турска офанзива против курдските бунтовници во Ирак

Цивил убиен во турска офанзива против курдските бунтовници во Ирак
Багдад, 19 јуни 2020 (МИА) - Ирачки цивил е убиен во турски воздушен напад извршен денеска против курдските бунтовници во северен Ирак, соопштија локалните власти. - Овчарот е убиен во зори. Тој е првата цивилна жртва на турската офанзива, соопштил официјален претставник кој побарал да остане анонимен. Нападот се случил во провинцијата Дохук, во близина на тромеѓето меѓу Сирија, Турција и Ирак. Турција на 17 јуни распореди специјални сили во северен Ирак како дел од копнената операција „Канџа-Тигар“ против бунтовниците на Курдската работничка партија (ПКК). Операцијата, која се спроведува со поддршка на авијацијата и артилеријата, е одговор на зачестените напади врз турските сили во близина на границата. Анкара и нејзините западни сојузници ја сметаат ПКК за терористичка организација. јт/

Остани поврзан