ЦИВИЛ: Вкупно 18 случаи на семејно гласање во Дебреште
- СООПШТЕНИЕ: Во истото ИМ 1470 нашиот набљудувач има регистрирано 18 случаи на семејно гласање, односно влегуваат по двајца позади параван (постар со помлад), младиот го заокружува едното ливче, го пушта во кутијата и се враќа повторно позади параванот, го заокружува ливчето од постарата особа и повторно истото лице го пушта ливчето. Од ИО нема никаква реакција.
Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Седумте избирачки места во земјава каде денеска се прегласува за парламентарните избори 2024 се отворени навреме, а гласањето се одвива безмалку без проблеми, забележуваат нашите мобилни набљудувачи кои се на терен, информираат од тимот за комуникации на Цивил.
Прегласувањето се одвива во Петата изборна единица на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во Шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино.
Излезноста на седумте избирачки места каде денеска се прегласува за парламентарните избори до 15 часот е 34,87 проценти.
Од вкупно запишаните 4.514 гласачи, гласале 1.574 гласачи. Во споредба со гласањето на 8 мај, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,21 проценти на овие избирачки места.
Најголема излезност има на избирачкото место во Желино каде гласале 428 гласачи односно 43,10 проценти, а најмала е излезноста во Крушево на избирачкото место 1202 каде до 15 часот гласале 67 гласачи односно 22,48 проценти.
- Во ИМ 1470 во О. У. с. Дебреште, Општина Долнени при примопредавањето на смена на Избирачкиот одбор се појавиле повеќе лица потпишани во избирачкиот список, а имало помалку гласачки ливчиња во кочанот, состојбата била 121 со 118 (разлика од 3 потпишани повеќе од издадени гласачки ливчиња), информираат од Цивил.
Во ова ИМ гласале 5 неписмени лица, кои наместо потпис ставиле отисок од прст. Од ИО подоцна коментирале дека не биле 3 лица повеќе потпишани, туку отисокот од прст на неписмено лице се прекопирал подоле, па они го броеле како потпис. Гласањето се одвивало нормално.
Подоцна се појавил член од ИО (на една политичка партија) од ИМ 1470/1 за да праша што се случило, меѓутоа овие му одговориле да си се врати назад на неговото Избирачко место.
-Во истото ИМ 1470 нашиот набљудувач има регистрирано 18 случаи на семејно гласање, односно влегуваат по двајца позади параван (постар со помлад), младиот го заокружува едното ливче, го пушта во кутијата и се враќа повторно позади параванот, го заокружува ливчето од постарата особа и повторно истото лице го пушта ливчето. Од ИО нема никаква реакција, се вели во соопштението од Цивил. аа/
Фото: МИА архива