• петок, 22 ноември 2024

Цементарница УСЈЕ донираше околу 100.000 евра во јавното здравство

Цементарница УСЈЕ донираше околу 100.000 евра во јавното здравство
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Од почетокот на здравствената криза предизвикана од Ковид-19,  Цементарница УСЈЕ во континуитет му дава поддршка на јавното здравство и досега реализирани се донации во вкупна вредност од околу 100.000 евра, соопшти денеска компанијата. Во рамки на овие донации, стои во соопштението, компанијата УСЈЕ донираше апарат за анализа на крв од капилари за новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство со што ќе се подобри третманот на новороденчињата кои се раѓаат на оваа клиника. Донирана е и медицинска опрема со што му се дава конкретна поддршка на медицинскиот персонал кој работи посветено и во постојните услови на пандемија. Компанијата целосно ја реновираше и заедничката службена просторија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Донирана е и медицинска опрема и апарати и за Министерството за здравство, ГОБ „Осми Септември“, Универзитетската клиника за инфективни болести – Скопје, Универзитетската клиника за дерматовенерологија - Скопје, Универзитетската клиника за токсикологија - Скопје и за Специјалната болница за геријатрија и палијативна медицина. -Со овие донации компанијата му дава директна поддршка на медицинскиот персонал и на јавниот здравствен систем за непречено и безбедно работење во услови на пандемија, а преку дел од донациите се овозможува и подобрување на условите за лечење на пациентите.мд/лв/

Остани поврзан