• четврток, 26 март 2026

Целото дебарско конзумно подрачје утре пет часа без електрична енергија

Целото дебарско конзумно подрачје утре пет часа без електрична енергија

Дебар, 14 октомври 2025 (МИА) - Поради неопходни редовни годишни активности во Хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, утре во периодот од 10 до 15 часот, без напојување со електрична енергија ќе биде целото дебарско конзумно подрачје.

- Поради неопходни редовни годишни активности за одржување и испитување на релејната електрична заштита на 110/35 киловолтниот регулациски трансформатор и ревизија на опремата, утре, ќе има привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија во општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. Прекинот е во времетраење од 5 часа, во периодот од 10 до 15 часот, информираа за МИА од ЕСМ.

Додаваат дека оваа активност е од клучно значење за сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем во регионот и оти активноста е уредно пријавена и координирана со ЕВН.

За прекин во снабдувањето со електрична енергија на целото конзумно подрачје информираше и Регионалниот ЦУК-Дебар, во чие соопштение стои дека следниот ден 16 октомври, во период од 9 до 11 часот, без струја ќе бидат дел од улиците „Атанасие Илиќ“ и „Вељко Влаховиќ“, во околината на Општинското основно училиште „Пенестија“. вт/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан