• петок, 05 декември 2025

Целосно изгаснати пожарите во Општина Желино

Целосно изгаснати пожарите во Општина Желино

Скопје, 29 август 2025 (МИА) - Пожарите кои зафатија делови од селата Мерово и Церово во општина Желино се целосно изгаснати. Изразуваме искрена благодарност до екипите на тетовските пожарникари за нивната професионалност, посветеност и навремената интервенција, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.

Тој упати апел до сите граѓани за поголема внимателност и одговорно однесување, со цел, како што рече, зачувување на природата и обезбедување на сигурна иднина за нашите деца.вј/

Фото: ЦУК

Остани поврзан