• петок, 22 ноември 2024

ЦДУ во криза по поразот на регионалните избори

ЦДУ во криза по поразот на регионалните избори
Берлин, 15 март 2021 (МИА) - Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашните регионални избори во југозападните покраина Баден-Вуертемберг и Рајнска област-Пфалц ги постигна најлошите изборини резултати. Германските медиуми поразот на ЦДУ го оценија како прекор за управување на Меркел со пандемијата со Ковид-19. На 26 септември во Германија ќе се одржат парламентарни избори на кои Германците ќе изберат наследник на Меркел. „Не може да продолжи вака“, наведе неделникот „Шпигел“, истакнувајќи дека куќата на Меркел „горела“. Покрај растечкиот гнев кај јавноста за справувањето со пандемијата, одложениот почеток на масовно брзо тестирање, пратеници од ЦДУ и од нејзината сестринска партија Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), беа обвинети дека се стекнале со стотици илјади евра за лобирање на набавка на маски од одредени. Поради аферата тројца конзервативни пратеници поднесоа оставки. Според излезните анкети од вчерашните парламентарни избори во германските сојузни покраини Баден-Вуертемберг и Рајнска област-Пфалц Христијанско-деморатската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел е најголем губитник на изборите. Во Баден-Вуертемберг , според германскиот јавен сервис АРД победи партијата на Зелените, која освои 31 отсто од гласовите, што е за 0,7 проценти повеќе од изборите пред пет години. Додека ЦДУ освои замо 23 отсто од гласовите, што е најслаб изборен резултат досега. Во споредба со минатите избори ЦДУ изгуби четири проценти од гласовите. Според прогнозите Социјалдемократската партија на Германија (СПД) освои 12 отсто од гласовите, а десничарската Алтернатива за Германија (АфД) – 11,5 проценти, шпто е за 3,6 отсто помалку од изборите пред пет години. Влез во Парламентот во Штутгарт обезбеди Либерално-демократскатѕа партија (ФДП) со 11,5 процетни освоени гласови. Во Рајнска област-Пфалц најмногу гласови – 34,5 отсто освои СПД на ќело со актуелната премиерка на оваа сојузна покраина Малу Драјер. И туку ЦДУ доби 5,8 проценти помалку гласови од минатите избори. За партијата на Меркел гласаа само 26 отсто од граѓаните, што е најслаб резултат на демохристијаните во поствоена Германија во Рајнска област-Пфалц. Во оваа покраина АфД изгуби 2,1 отсто од гласовите и според партиски извори, десничарите освоиле околу 10,5 проценти. Партијата на Зелените во Рајнска област-Пфалц освои 8,5 отсто од гласовите, што е за 3,2 проценти повеќе од минатите избори. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан