• понеделник, 30 март 2026

Цвеќе и летоци за безбедно возење по повод 8 Март од градоначалникот Ѓорѓиевски и полицијата

Цвеќе и летоци за безбедно возење по повод 8 Март од градоначалникот Ѓорѓиевски и полицијата
Скопје, 8 март 2022 (МИА) - Осмомартовска акција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со ПСОН-Кисела Вода, Одделението за превенција при СВР-Скопје и РСБСП, се одвиваше денеска низ улиците на Општина Кисела Вода. Ѓорѓиевски на жените учеснички во сообраќајот со цвеќе им го честиташе Меѓународниот ден на жената, а од полицијата беа делени летоци со совети за безбедно возење и патување во зимски услови. - Се потрудивме да им го направиме поинаков и да им го разубавиме денот на нашите сограѓанки. Жените секогаш ќе имаат еднаков третман во Општина Кисела Вода, но сметам дека на ваквите денови, кои им се посветени ним во меѓународниот календар на случувања, убаво е да им посветиме малку повеќе внимание. Се одлучивме на ваква заедничка акција со ПСОН-Кисела Вода, Одделението за превенција при СВР Скопје и РСБСП, бидејќи секогаш е добар момент да се потсети на безбедноста при возењето, а уште подобро е кога при тоа, со мало внимание ќе се одбележи празникот 8 Март, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.ир/дма/

Остани поврзан