• петок, 22 ноември 2024

Царинска управа: 18 илјади евра се запленети откако патници се обиделе нелегално да ги пренесат преку граница

Царинска управа: 18 илјади евра се запленети откако патници се обиделе нелегално да ги пренесат преку граница

Скопје, 28 декември 2023 (МИА) - Спречен нелегален изнес и внес на девизи во државата во износ од 18 илјади евра, откако во три различни случаи, царинските службеници при контрола на патници откриле поголеми износи на девизи, коишто спротивно на закон патниците сакале да ги пренесат без да ги пријават.

Како што информираат од Царинската управа, во двата случаи станува збор за странски државјани кои на излез и на влез во државата на прашање од царински службеници не пријавиле ништо за царинска контрола. 

-Притоа на влез во државата на граничен премин Богородица, кај грчки државјанин биле пронајдени 14 илјади евра, при што согласно Законот за девизно работење вратени му се 10 илјади евра, а останатите четири евра се задржани. На граничниот премин Меџитлија пак, при претрес на српски државјанин кој патувал за Грција во внатрешниот џеб од јакната што ја носел на себе, му биле пронајдени непријавени приближно 16.000 евра. Согласно закон на патникот му се вратени 10 илјади евра што странски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани, се вели во денешното соопштение од Царинската управа.

Спречено е и нелегално изнесување на девизи кај македонски државјанин на излез од државата на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје. Патникот во џебот носел 9.900 евра кои не ги пријавил и за нив не поседувал документација за потекло, при што од страна на царинските службеници согласно закон му се вратени 2 илјади евра - износ којшто македонски државјани може да го изнесуваат, а останатите му се одземени. сст/дма/

фото Царинска управа

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан