• вторник, 10 март 2026

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Царинската управа и Управниот суд денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови.

Со потпишувањето на Меморандумот се овозможува поврзување на институциите преку софтверската платформа ЕПУС, преку која ќе се врши електронска достава и размена на судски акти и документи за управните спорови во кои Царинската управа се јавува како странка во постапка пред Управниот суд. 

- Новиот систем  овозможува креирање електронски досиеја за предметите, како и електронско доставување на документите, што значително ќе го забрза постапувањето и ќе придонесе за намалување на користењето хартиена документација, соопшти Царинската управа.

Оттаму потенцираат дека ги поддржуваат ваквите иницијативи кои, како што посочуваат, претставуваат значаен чекор во процесот на дигитализација и модернизација на институциите, со што се овозможува поефикасна и посигурна комуникација меѓу институциите, побрза размена на информации истовремено намалувајќи ги трошоци за поштенските услуги за достава. 

- Директорот на Царинската управа Бобан Николовски и в.д. претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини изразија задоволство од потпишувањето на Меморандумот, нагласувајќи дека со неговата имплементација ќе се придонесе за зголемување на транспарентноста и ажурноста во постапките пред Управниот суд. Двете страни се согласија дека со оваа соработка се унапредува институционалната координација и се создаваат услови за поефикасно функционирање на управно-судските постапки, се вели во соопштението. лв/дма/

фото: Царинска управа 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан