• сабота, 23 ноември 2024

Хaланд останува главна трансфер цел на Реал

Хaланд останува главна трансфер цел на Реал
Мадрид, 13 октомври 2020 (МИА) - Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд и понатаму е најголема желба за трансфер на Реал Мадрид, објави „Марка“. Според изворот, Реал долго време го следел 20-годишниот Норвежанец, но пандемијата на коронавирус спречи зделката да се склучи ова лето. Покрај тоа, Реал Мадрид ќе се обиде да ја намали цената за напаѓачот. Во моментот Шпанците не се подготвени да платат повеќе од 100 милиони евра. Оваа сезона во Бундеслигата, Халанд одигра три натпревари, постигна четири гола и забележа една асистенција. зс/

Остани поврзан