• четврток, 04 декември 2025

Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА

Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА

Сан Франциско, 3 мај 2025 (МИА) - Во шестиот натпревар од првото коло од плејофот во НБА, Хјустон го победи Голден Стејт вориорс на гостински терен со резултат 115:107.

Најефикасни кошаркари на теренот беа бекот на Рокетс, Фред ВанВлит, и ѕвездата на Вориорс, Стивен Кари, кои постигнаа по 29 поени.

Резултатот во серијата сега е 3:3. 

Решавачкиот седми натпревар ќе се одржи на 5 мај. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан