Хјуит суспендиран две недели
- Селекторот на австралиската Дејвис Куп репрезентација и поранешен светски рекет број еден, Лејтон Хјуит, денеска доби двонеделна суспензија поради инцидент што го предизвика за време на антидопинг контрола, најавувајќи оти ќе поднесе жалба.
Сиднеј, 11 септември 2025 (МИА) – Селекторот на австралиската Дејвис Куп репрезентација и поранешен светски рекет број еден, Лејтон Хјуит, денеска доби двонеделна суспензија поради инцидент што го предизвика за време на антидопинг контрола, најавувајќи оти ќе поднесе жалба.
Хјуит (44) е казнет и со 30.000 австралиски долари, откако во ноември 2024 година во Малага, по полуфиналето против Италија, наводно турнал 60-годишен волонтер задолжен за контрола на допинг.
Хјуит ги отфрли наводите, тврдејќи дека дејствувал во самоодбрана.
„Многу сум разочаран од одлуката, но и од целиот процес и недостатокот на информации што беа објавени. Ќе поднесам жалба до мојот правен тим и затоа нема да давам никакви понатамошни соопштенија за ова прашање“, рече Хјуит на прес-конференција.
Австралија последен пат триумфираше во Дејвис купот во 2003 година.ег
ФОТО: ЕПА