• понеделник, 23 декември 2024

Хутите најавија ефикасен одговор на израелските напади врз пристаништето Ходеида

Хутите најавија ефикасен одговор на израелските напади врз пристаништето Ходеида

Сана, 21 јули 2024 (МИА) - Врховниот политички совет на јеменското бунтовничко движење Хути објави дека „ефикасно ќе одговори“ на израелските воздушни напади врз пристаништето Ходеида во Јемен.

Портпаролот на Хутите, Мохамед Абдулсалам напиша на платформата Икс дека Јемен бил подложен на „очигледна израелска агресија“ која имала за цел складишта за гориво и електрана.

Тој рече дека нападите имале за цел „да го зголемат страдањето на народот и да извршат притисок врз Јемен да престане да ја поддржува Газа“.

Абдулсалам додаде дека нападите само ќе го направат народот на Јемен и неговите вооружени сили поодлучни да ја поддржат Газа.

Најмалку три лица загинаа, а 87 се повредени во напад на израелските воздухопловни сили на пристаништето Ходеида во Јемен, под контрола на Хутите, пренесоа светските медиуми. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан