• вторник, 12 ноември 2024

Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан

Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан

Аман, 11 октомври 2024 (МИА) – Јеменското движење Хути синоќа соопшти дека нападнале два брода. Едниот брод е нападнат во Црвено Море, а другиот во Индиски Океан.

Хутите од почетокот на војната во Појасот Газа ги напаѓаат израелските, американските и бродовите на други држави во Црвено Море, со цел да се стави крај на израелските напади врз енклавата.

Поради континуираните напади на Хутите, големите бродски компании сè повеќе ја избегнуваат најкратката поморска рута меѓу Азија и Европа. Неколку западни земји, вклучително и САД и Велика Британија, почнаа операции за заштита на бродовите во регионот како одговор на нападите на Хутите. Европска Унија, исто така, почна воена операција за обезбедување на трговските бродови во Црвено Море. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан