Хутер со триумф во Залбах ја освои титулата во спуст
- Австријката Корнелија Хутер победи на последниот спуст од сезоната кој скијачките го возеа денеска во австриски Залбах и со триумфот го освои малиот Кристален глобус во оваа алпска дисциплината.

Залбах, 23 март 2024 (МИА) – Австријката Корнелија Хутер победи на последниот спуст од сезоната кој скијачките го возеа денеска во австриски Залбах и со триумфот го освои малиот Кристален глобус во оваа алпска дисциплината.
Хутер триумфираше со време 1:45.08, пред Словенката Илка Штухец (1:45.25) и Италијанката Никол Делаго (1:45.57).
Денешната победа ѝ овозможи на Хутер да ја престигне Швајцарката Лара Гут-Бехрами во поредокот во спуст. Гут-Бехрами заврши дури на 17. место, што не ѝ донесе ниту бод, а со тоа остана без својот четврти мал Кристален глобус во оваа сезона во која е севкупен победник во Светскиот куп, како и во супервелеслалом и велеслалом.
Австријката Хутер, на која ова и е прв мал Кристален глобус во кариерата, сезоната ја заврши со 397 бодови. ег ФОТО: Фејсбук