• вторник, 14 јануари 2025

Хуманитарни пакети за социјално загрозените лица во општина Ѓорче Петров

Хуманитарни пакети за социјално загрозените лица во општина Ѓорче Петров

Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - На денот на Свети Василиј Велики – симболот на дарежливоста и хуманоста, денеска Општина Ѓорче Петров доделi хуманитарни пакети на социјално загрозените лица и семејства.

Акцијата, како што информираа од Општината, е реализирана во соработка со општествено одговорна компанија, со цел да се пружи поддршка на оние на кои им е најпотребна во овие празнични денови. Пакетите вклучувале основни прехранбени и хигиенски производи, додека за најмалите биле подготвени посебни пакетчиња.

- Свети Василиј Велики целиот свој живот го посветил на помагање на најслабите, а неговото дело нè инспирира и денес. Со оваа акција сакаме да потсетиме дека секое семејство заслужува достоинствени празници и полна трпеза, рекол градоначалникот Александар Стојкоски. сст/бак/

Фото: Општина Ѓорче Петров

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан