• петок, 22 ноември 2024

Хуманитарна помош за семејствата во социјален ризик во Дебар по повод Светиот месец Рамазан

Хуманитарна помош за семејствата во социјален ризик во Дебар по повод Светиот месец Рамазан

Дебар, 4 април 2024 (МИА) - На подрачјето кое го опфаќа Дебарското муфтиство и за овој Свет месец Рамазан, се реализираат многу активности на распределба на хуманитарна помош за семејства во социјален ризик.

- Вчера и денес муфтиството, распредели 165 пакети со прехранбени производи на семејствата кои се во потешка социо-економска состојба. Во делењето на помошта беа вклучени сите имами, како и група млади веќе познати по волонтерството во хуманитарни активности, објави муфтиството на официјалната страна на Фејсбук.

Хуманитарни пакети освен во градот распределени се и во неколку села.

- Оваа хуманитарна активност ја спроведовме во координација со О.Х. а  е донација на управата за вакафи на Република Турција.
Со ова се надеваме дека  ифтарските трпези ќе бидат збогатени и кај овие семејства, се наведува во објавата.

Хуманитарна помош во прехранбени производи и средства за хигиена донираа и неколку иселеници, што го прават за секој Рамазан.

Исто така дел од оние дебрани кои може да си го дозволат тоа, но и иселеници преку свои роднини,  ги намируваат долговите на нивните сограѓани кои набавувале неопходни продукти во трговските дуќани или лекови во градските аптеки,  со запишување на долгот. 

Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. вт/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан