Хуманитарна ноќна вело тура околу Охридското Езеро
- Организаторите информираат дека ноќната вело тура има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наманети за лекување на Ангел, член на „Вело Фаланга“, кој возејќи на вело тура во Италија, доживеал пад и се наоѓа на лекување во италијанска болница.
Струга, 17 јули 2025 (МИА) - Под мотото „Сите за нашиот Ангел“ в сабота ќе се одржи ноќна велосипедска тура околу Охридското Езеро во организација на велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“ од Струга.
Организаторите информираат дека ноќната вело тура има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наманети за лекување на Ангел, член на „Вело Фаланга“, кој возејќи на вело тура во Италија, доживеал пад и се наоѓа на лекување во италијанска болница.
На двете стартни позиции, едната на плажата „Галеб“ во Струга во 18 часот и 30 минути, а другата на паркингот пред спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид (18:30) ќе има поставено донаторски кутии.
Потоа, како што е наведнео, ќе продожат кон Заливот на коските, граничен премин „Свети Наум“, Поградец, Лин, граничен премин „Ќафасан“ и завршува во Струга. Вело турата ќе биде во должуна од 92 километри
- Секој учесник треба да биде физички подготвен, да има технички исправен велосипед, резервна гума, светлосна сигнализација за ноќно возење, флуоресцентен елек, патна храна и вода. Со себе да поседува важечка лична карта или пасош. За безбедно учество во сообраќајот, учесниците на вело ноќната тура ќе бидат придружувани од моторциклист полициски службеник од СВР Охрид, соопшти на велосипедскиот клуб „Вело Фаланга“.сс/ар
Фото: Велосипедски клуб „Вело Фаланга“