Хуманитарен настап на Ламбе Алабаковски и „Некст тајм“ во Тетово
- Музички спектакл на отворена сцена на 10 и 11 август најавуваат организаторите од иницијативата „Го сакам Тетово“, со настапи на Ламбе Албаковски и „Некст тајм“.

Тетово, 5 август 2022 (МИА) - Музички спектакл на отворена сцена на 10 и 11 август најавуваат организаторите од иницијативата „Го сакам Тетово“, со настапи на Ламбе Албаковски и „Некст тајм“.

Концертите ќе бидат на отворено и бесплатно во Жена парк, а граѓаните ќе имаат можност да донираат и средства за загрозено семејство.
- Младите во Тетово се заборавени и секој ден го напуштаат нашиот град. Мора сите заедно да придонесеме за едно подобро Тетово, за еден подобар живот со подобри услови, иднина и опстанок на младите во Тетово, истакна Станислав Бојчески од иницијативата.
„Иницијативата „Го Сакам Тетово” најавува и други настани во текот на летото. ас/бт/