• четврток, 19 декември 2024

Хуманитарен настан по повод Неделата за борба против гладот во организација на Црвен крст - Делчево

Хуманитарен настан по повод Неделата за борба против гладот во организација на Црвен крст - Делчево
Делчево, 21 октомври 2022 (МИА) - Општинската организација на Црвниот крст од Делчево со хуманитарна собирна акција ќе ја одбележи Неделата за борба против гладот. За таа цел ги повикуваат граѓаните да земат активно учество во акцијата, преку донирање прехранбени продукти на штандовите кои ќе бидат поставени на неколку локации во градот. - По повод Неделата на борба против гладот, и оваа година се придружуваме на кампањата која се спроведува од 16 до 22  октомври  2022 година. Акцијата ќе се реализира на ден 22.10.2022 година (сабота) во периодот од 11 до 14 часот на два собирни штанда за храна. Штандовите ќе бидат поставени во централното градско подрачје и околу градскиот пазар, а очекуваме масовна поддршка од граѓанството, истакнаа од Црвениот крст - Делчево. Паралелно како што додадоа во тек е акција за обезбедување помош на социјално загрозените семејства од Делчевско. - Во рамките на кампањата по повод Неделата за борба против гладот, се организираат хуманитарни активности за обезбедување на помош во храна за лица во социјален ризик, за што во функција се ставени донаторските броеви 070/075/077 143 400, додадоа од Општинската организација на Црвен крст. Претходно хуманитарна собирна акција по повод Неделата за борба против гладот се организираше и од страна на воспитно-образовните установи од Делчево. вс/свс/

Остани поврзан