• среда, 18 декември 2024

Хуманитарен маратон на ИТ-компании за поддршка на СОС Детско село

Хуманитарен маратон на ИТ-компании за поддршка на СОС Детско село
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) -  Хуманитарна акција „IT4Charity Marathon 2022“ започнува денеска и ќе трае до 25 септември -  ден кога ќе се реализира маратон со старт во парк и финиш во СОС Детско село. Вработените од ИТ-компаниите ќе можат да се приклучат со велосипед и со трчање на патека долга 10 километри. Учесниците во маратонот ќе имаат можност на целта да стигнат во СОС Детско село каде што ќе имаат можност да се запознаат со децата поддржани од СОС Детско село и да ја почувствуваат каузата за која ќе спортуваат. Од СОС Детско село велат дека досега се приклучени седум ИТ-компании: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside,  Cognism, CapCargo и Challenger, на кои се неизмерно горди и истакнуваат дека очекуваат да се приклучат и други. Сите заинтересирани компании за приклучување во проектот тоа можат да го направат преку контактирање на е-адресата goran.velkovski@sos.org.mk - Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи иновативните соработки со ИТ-компаниите ќе придонесат за стабилност и континуитет на работата на организацијата за обезбедување топол дом и љубов за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село за поддршка на деца во ризик да не останат без своето семејство за осамостојување на младите во социјален ризик, информираат од СОС Детско село. Додека Министерството за внатрешни работи, најави дека поради трката утре ќе се воведе посебен сообраќаен режим низ градот. - Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул. „Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“, информираат од МВР. лв/ац/сх/      

Остани поврзан