• недела, 22 декември 2024

Хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“ во чест на животот и делото на Тоше Проески

Хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“ во чест на животот и делото на Тоше Проески
Скопје, 29 јуни 2022 (МИА) - Во амфитеатарот во Спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево вечер ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“. Концертот е во чест на животот и делото на Тоше и млади таленти ќе интерпретираат негови песни. Организатор на концерот е хуманитарната непрофитна организација „Play Without Boundaires“ („Игра Без Граници“), регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески, и со поддршка на Спомен куќата. - Дваесет и деветти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион, кој сега е именуван по неговото име. За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се нашите звезди Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња, информираат организаторите. рп/сп/

Остани поврзан