Хуманитарен концерт во организација на Театар Пи и Арт Бригада
- Повеќе музичари од земјава, денеска, почнувајќи од 11 часот, ќе одржат хуманитарен концерт за Дино Рамо, лице со атипичен развој.

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - Повеќе музичари од земјава, денеска, почнувајќи од 11 часот, ќе одржат хуманитарен концерт за
Дино Рамо, лице со атипичен развој.
Хуманитарниот настан го организираат Театар Пи и Арт Бригада во „Бруталикс“.
-Рамо „растура“ на тапани, но, му требаат нови, зашто старите му се уништени од „лупање“. Дино не може да си ги овозможи, па решивме на 1 април да направиме хуманитарен настан и како од шега да собереме пари и да му ги купиме новите тапани. Ќе има поставено кутија, а супер ентузијасти кои прифатија да помогнат во остварувањето на сонот на Дино, ќе ве забавуваат цел ден, велат од Театар Пи. мч/
фото: Центар за изведувачки уметности и едукација Театар Пи