• недела, 24 ноември 2024

Хуитфелд: Русија не може да влијае врз одлуката за членство на Украина во НАТО

Хуитфелд: Русија не може да влијае врз одлуката за членство на Украина во НАТО

Осло, 31 мај 2023 (МИА) – Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд пред изјави дека НАТО нема да дозволи Русија да одлучува кога Украина може да стане членка на Алијансата.

Украина и сојузниците во НАТО ќе одлучат кога Украина ќе стане членка на НАТО, не е на Москва да одлучува, истакна Хуитфелд пред дводневниот состанок со нејзините колеги од НАТО.

Северноатлантската алијанса не го прифати барањето на Украина да стане членка по забрзана процедура, бидејќи западните влади, првенствено САД и Германија, се внимателни бидејќи тоа би можело да го приближи НАТО до војна со Русија.

Киев и некои од неговите најблиски сојузници во Источна Европа сакаат на Самитот на НАТО, што ќе се одржи на 11-12 јули во Вилнус, Литванија, конкретни чекори за приближување на Украина до членството.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека Украина нема да може да се приклучи на НАТО додека трае војната со Русија, но додаде дека ситуацијата ќе биде поинаква кога конфликтот ќе заврши.

Русија силно се спротивставува на членството на Украина во НАТО. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан