Христо Петрески по втор пат поднесе оставка од функцијата претседател на ДПМ
- Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески денеска поднесе оставка од функцијата.

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески денеска преку писмено соопштение повторно поднесе оставка од функцијата.
- Почитувани, Ги известувам членовите на Друштвото на писателите на Македонија и медиумите дека денес официјално поднесов оставка на местото претседател на Друштвото на писателите на Македонија, наведува Петрески.
Петрески на 9 октомври годинава поднесе неотповиклива оставка откако претходно осум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа неотповикливи оставки поради непочитување на статутарните одредби, приватизирање и манипулирање со тимското работење од страна на претседателот на ДПМ. На 14 октомври, Петрески ја повлече оставката поради, како што наведе, барање на голем број членови на ДПМ и поради притисоци, уцени и закани.
Вонредното изборно собрание на ДПМ е закажано на 25 ноември. мд/бак/
Фото: Фејсбук на Христо Петрески