• четврток, 16 мај 2024

„Хрватско/македонска тангента“ добитник на „Плакета на Град Шибеник“

„Хрватско/македонска тангента“ добитник на „Плакета на Град Шибеник“

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - По повод празникот на Шибеник во Хрватска, „Ден на градот и Св. Миховил заштитник на градот“ - 29 септември, меѓународната невладината организација „Хрватско/македонска тангента“ се стекна со високото признание „Плакета на Град Шибеник“.

На свечената прослава што се одржа на тврдината Бароне, најголемото признание на градовите Шибеник и Задар, „Хрватско/македонска тангента“ го доби заради долгогодишни успешни ангажмани и проекти во поврзувањето и продлабочувањето на пријателките односи меѓу Северна Македонија и Хрватска во доменот на култура, уметност, стопанство, туризам и политика.

Исто така, како што е најавено, „Хрватско-македонска тангента“ ќе го добие и признанието „Донат“, кое го доделува Хрватското друштво на писатели. Признанието ќе биде доделено за време на свеченоста во Задар, на 28 ноември. На истиот настан, високо признание ќе му биде врачено и на реномираниот македонски писател, Томислав Османли.бт/дма/

Остани поврзан