• четврток, 12 септември 2024

Хрватска и Србија заедно ќе го организираат јуниорското СП за одбојкарки

Хрватска и Србија заедно ќе го организираат јуниорското СП за одбојкарки


Загреб, 11 септември 2024 (МИА) – Хрватска заедно со Србија ќе бидат домаќини на Светското јуниорско првенство за одбојкарки во 2025 година.
Турнирот ќе се одржи од 7 до 20 јули идната година, објави денеска Хрватската одбојкарска федерација.
Светското одбојкарско првенство 2025 за јуниори ќе се одржи во Узбекистан од 21 јули до 3 август, додека СП за одбојкарки до 21 година ќе се одржи во Индонезија, а за мажи во Кина.
Овие првенства се одржуваат на секои две години, а во 2025 година ќе учествуваат рекорден број од 24 земји од сите пет континентални конфедерации. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан