• недела, 22 декември 2024

Хрватска има свое „Мртво Море“

Хрватска има свое „Мртво Море“

Дубровник, 15 септември 2022 (МИА) - И Хрватска има свое „Мртво Море“, коешто се наоѓа на островот Локрум, што се наоѓа на 10 минути пловење со брод од Дубровник. Всушност станува збор за солено езеро.

Езерото, нарекувано „Мртво море“, се наоѓа во источниот дел од островот Локрум и е прилично познато место за капење создадено во дамнешна ерозивна депресија на релјефот. Како што минувале годините, во карпите се создала ерозивна вдлабнатина, па се исполнила со вода, оти преку подземни канали природно се поврзала со морето. На ова место, морето е плитко и никогаш нема бранови, што го прави совршена дестинација за семејства со деца, како и за послаби пливачи. Самиот остров Локрум е резерват на шумска вегетација под заштита на УНЕСКО и крие неверојатни природни појави, како и интересни животински видови. Меѓу нив се издвојуваат пауните кои се среќаваат по целиот остров и се негов заштитен знак. За овој остров се поврзува и необична легенда, според која дубровчани советуваат да не се зема ништо од него, ниту лист од дрво, бидејќи сѐ што ќе земете од островот, велат, ќе Ви донесе лоша среќа.  си/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан