• недела, 24 март 2024

Хрватска годинава вложува четири милиони евра во спортска инфраструктура

Хрватска годинава вложува четири милиони евра во спортска инфраструктура

Загреб, 13 март 2023 (МИА) – Вкупно четири милиони евра ќе вложи Хрватска во 2023 година во развој на спортската инфраструктура во земјата, соопштија денеска властите во Загреб.

Инвестициите се дел од Националната програма за спорт 2019-2026, во рамки на која досега се вложени 8,2 милиони евра во изградба и реконструкција на спортски сали, кошаркарски и фудбалски игралишта, тениски терени, атлетски патеки и друго.

„Обновата и изградбата на спортска инфраструктура е една од најважните стратешки цели на Владата на Хрватска“, соопшти Министерството за туризам и спорт во Загреб, објавувајќи го националниот Конкурс за кофинансирање за изградба, градежни зафати и опремување на спортски објекти во 2023.

„Веруваме дека и оваа година на Конкурсот ќе се пријават низа квалитетни проекти кои ќе придонесат за што поголема и подобра достапност на спортот, како на нашите професионални спортисти, така и на граѓаните, а особено на децата и младите, во цела Хрватска“, изјави министерката за туризам и спорт Николина Брњац. ег/сд/

Остани поврзан