• сабота, 23 ноември 2024

Хрватот Анте Кудуз од следната сезона во дресот на Вардар 1961

Хрватот Анте Кудуз од следната сезона во дресот на Вардар 1961
Скопје, 31 јануари 2021 (МИА) – Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 соопшти денеска дека го договорил хрватскиот лев бек Анте Кудуз како свое големо засилување за следната сезона. Вардар 1961 потпиша двегодишен договор со Кудуз (25) и тој во Скопје би требало да остане до летото 2023 година. Повремениот хрватски репрезентативец Кудуз (202 см.) доаѓа од екипата на Динамо Букурешт каде лани настапуваше со Динамо Букурешт во групната фаза од Лигата на шампиони, а беше прогласен и за најдобар ракометар во Романија во 2020 година.  Претходно македонскиот ракометен првак потпиша договори за нови засилувања со Васко Шеваљевиќ и Дарко Ѓукиќ. ег/сст/

Остани поврзан