• понеделник, 23 декември 2024

Хоџа: Консултациите за идното дејствување на БЕСА продолжуваат, но јас нема да бидам министер во актуелното владејачко мнозинство

Хоџа: Консултациите за идното дејствување на БЕСА продолжуваат, но јас нема да бидам министер во актуелното владејачко мнозинство
Скопје, 5 ноември 2021 (МИА) - Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа информираше дека Движењето БЕСА денеска и утре ќе продолжи со консултации внатре во партијата за да одлучи како ќе дејствува понатаму. Сепак, како што напомена, тој како министер веќе „нема да биде дел од актуелното владејачко мнозинство“. - Движењето БЕСА во континуитет се позиционираше како сериозна политичка партија која толерира многу прашања. Нашата единствена цел е големата слика на евроинтрегациската иднина на државата. За жал, во моментот кога движењето БЕСА тргнува со силен „камбек“ на политичката сцена, се појавуваат криминалните методи на ДУИ, кои се прекриваат во името на евроинтеграциите. Но, за жал требаше многу малку за да се види вистинското лице на ДУИ, рече Хоџа на денешната прес-конференција. Тој потсети дека во Општина Желино ќе се повторува гласањето на локалните избори, каде, како што рече, гласа и кандидатот за градоначалник на ДУИ, а на исто избирачко место оваа партија има двојно повисок резултат од Движењето БЕСА. - Како што сте информирани, со претставка од набљудувач на ДУИ, и покрај тоа што никаде во записникот не е наведено, во Општина Желино ќе се повтори гласањето на избирачкото место 2107. Прашањето кое го поставуваме е на колку избирачки места ДУИ дозволила вакви и слични појави и ги задржале како резерва, за да ги повтори изборите и дали е вистина дека од 2002 година наваму ДУИ го користи истиот метод манипулирајќи со изборниот резултат низ цела држава, рече Хоџа. Тој додаде дека во сите процеси, Движењето БЕСА покажало политичка зрелост и лидерство, но она што се случи во Желино, според него, ја надминува секоја норма и вредност на демократијата. Хоџа рече дека БЕСА продолжува со својата ориентација кон европската иднина на земјата со сите вредности на демократијата што се промовирани од Европската Унија, но, како што нагласи, нема да дозволи да биде на маса „со политички структури кои сакаат да ја нарушат демократската волја на народот, односно гласот на граѓанинот“. - Можеме да толерираме многу прашања, можеме да ги издржиме и пречките кои ни се направени цела година како дел од владејачкото мнозинство, ја издржавме и неправдата на последните локални избори, каде што сите познати методи на ДУИ беа искористени за да се наруши волјата на граѓаните. но ние нема да дозволиме во име на европската интеграција да се погази најсветата вредност на демократијата, а тоа е волјата и гласот на граѓанинот, посочи Хоџа. На прашање дали ќе поднесат тужба до Управниот суд поради барање за прегласување во Желино, тој одговори дека ќе поднесат тужба, но дека нивната одлука нема да зависи од решението на Управниот суд. - Ако судот одлучи да не се повтори гласањето, тоа нема да не предомисли во ова што го зборуваме. Зборуваме за целосно непочитување на коалицискиот партнер, кој цела година истрпил се и сешто за да може државата да оди напред. Во Владата ваква каква што е, јас лично нема да бидам министер на маса со тие луѓе, рече Хоџа. Прашан поконкретно дали БЕСА е поблиску до напуштање или останување во коалиција, Хоџа рече дека дури и партијата да одлучи да продолжи да биде дел од сегашното владејачко мнозинство, тој како министер повеќе нема да бидам дел од тоа мнозинство. - Човек живее за принципи, јас не можам да се гледам на маса со луѓе кои се подготвени да му забијат нож во грб на својот коалициски партнер, додаде Хоџа. бт/сп/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан