• петок, 20 декември 2024

Хоспитализирани 815 лица и 39 починати од Ковид-19 во изминатата седмица во Грција

Хоспитализирани 815 лица и 39 починати од Ковид-19 во изминатата седмица во Грција

Атина, 30 август 2024 (МИА) – Летниот пораст на вирусната активност оваа година започна порано за разлика од летото во 2023 година и досега се чини дека се карактеризира со поголем број хоспитализации, но помал број пациенти приклучени на апарати и смртни случаи во споредба со лани, пишува во неделниот извештај за Ковид-19 во Грција на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци, во периодот од 19 до 25 август позитивноста кај сите тестирани примероци бележи мал пад во однос на претходната седмица, регистрирани се 815 нови хоспитализации, а вкупно 38 пациенти се приклучени на апарати.

Од Ковид-19 починале 39 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 40.

Од ЕОДИ соопштуваат дека од крајот на пролетта доминира варијантата BA. 2.86 што носи најмалку една од мутациите F456L и R346T и посочуваат дека оваа категорија на мутации не е поврзана со зголемен ризик од тешка болест. ср/паг/

Остани поврзан