• вторник, 18 март 2025

Хондурас: 12 загинати откако мал авион се урна во море

Хондурас: 12 загинати откако мал авион се урна во море

Тегусигалпа, 18 март 2025 (МИА) - Дванаесет лица загинаа во пад на мал патнички авион на островот Роатан во северниот дел на Хондурас, соопштија локалните власти. Во авионот имало вкупно 18 лица – 15 патници и тројца членови на екипажот.

Несреќата се случила при полетување кон градот Ла Сејба, кога авионот, модел „Џетстрим“, свртел надесно, излегол од пистата и паднал во морето.

Меѓу жртвите е и познатиот хондураски музичар Аурелио Мартинес, член на етничката заедница Гарифуна. Француска државјанка (40) е меѓу преживеаните, но е повредена.

Првичните истраги сугерираат дека причина за падот е механички дефект. Авионот потонал на голема длабочина, а спасувачките тимови, вклучувајќи нуркачи, се ангажирани за извлекување на жртвите и остатоците од леталото.

Островот Роатан е една од најпопуларните туристички дестинации во Хондурас.ссм/

фото: Гугл мапи

Остани поврзан