• недела, 22 декември 2024

Хонг Конг ги осуди САД за критиката за законот за национална безбедност

Хонг Конг ги осуди САД за критиката за законот за национална безбедност
Пекинг, 23 јули 2021 (МИА) - Специјалниот административен регион во Хонг Конг ги осуди Соединетите Американски Држави за нивната критика за законот за национална безбедност.
Според кинеската медиумска група (ЦМГ), финансискиот секретар на владата во Хонг Конг, Пол Чен, вчера изјави дека спроведувањето на законот за национална безбедност ја зачувува предноста на владата на Хонг Конг во рамките на „една земја, два система“, со што се гарантира безбедност и стабилност во Хонг Конг, односно се зајакнува статусот како „глобален финансиски центар“.
Тој исто така додаде дека повеќе глобални инвеститори ќе бидат привлечени од Хонг Конг.
На тој начин, Чен одговори на извештајот на Стејт департментот за инвестициската клима, за кој изјави дека е контрадикторен и покажува двојни стандарди на САД. паг/

Остани поврзан