• петок, 22 ноември 2024

Холанд сака да одлучи за идниот клуб до крајот на јануари

Холанд сака да одлучи за идниот клуб до крајот на јануари
Мадрид, 4 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд сака да одлучи за нов клуб до крајот на јануари. Според „Марка“, 21-годишниот Норвежанец моментално е на одмор во Марбеља каде води неформални преговори со клубовите. Се известува дека претставници на Барселона и Реал веќе се сретнале со напаѓачот. Двата клуба знаат дека фудбалерот сака да преговара за преселба до крајот на јануари, а трансферот би се реализирал на крајот на оваа сезона. Во сезоната 2021/22, Холанд настапи на 16 натпревари за Борусија Дортмунд, постигна 19 гола и пет асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува норвешкиот репрезентативец на 150 милиони евра. зс/

Остани поврзан