• понеделник, 23 декември 2024

Холандскиот премиер Руте во својот проштален говор повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО

Холандскиот премиер Руте во својот проштален говор повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО

Хаг, 30 јуни 2024 (МИА) - Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска, во своето последно јавно обраќање на таа позиција пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

„Од клучно значење е нашата земја да биде интегрирана во Европската унија и НАТО. Заедно сме посилни отколку сами. Особено сега, рече Руте.

Новата влада, која се очекува да стапи на должност во вторник, вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина.

Руте е на функцијата премиер на Холандија од 2010 година, што го прави премиер со најдолг стаж во историјата на таа земја, а во октомври треба и официјално да стапи на функцијата генерален секретар на НАТО алијансата, наследувајќи го Јенс Столтенберг. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан