• вторник, 25 март 2025

Холандската принцеза Маргриет паднала и скршила рака при лизгање

Холандската принцеза Маргриет паднала и скршила рака при лизгање

Херенвен, 24 март 2025 (МИА) - Холандската принцеза Маргриет паднала при лизгање, на добротворен настан одржан вчера, и ја скршила раката, објавија холандските медиуми.

Принцезата Маргриет (82) учествувала на хуманитарниот музички настан „Холандсе 100“ (Hollandse 100) на лизгалиштето во Херенвен во северната област Фризија. Настанот се организира секоја година на 23 март, со цел да се соберат средства за Фондацијата за истражување на рак на лимфните јазли, со чиј предводник е синот на принцезата - принцот Бернхард.

Принцезата, инаку, носела кацига, според наводите. Таа била пренесена в болница каде ѝ била констатирана фрактура на надлактицата. Принцезата Маргриет е тетка на холандскиот крал Вилем-Александар.  си/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан