Холандија планира летово да ги обучува украинските пилоти
- Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен денеска најави дека летово ќе почне обука на украинските пилоти за воените авиони Ф-16

Хаг, 12 јуни 2023 (МИА) – Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен денеска најави дека летово ќе почне обука на украинските пилоти за воените авиони Ф-16.
- Многу важен и значаен чекор е што ќе започнеме со обука на украински пилоти на Ф-16, истакна Олонгрен.
Таа додаде дека е „воздушната супериорност е клучна“. ми/
фото: МИА архива