• петок, 22 ноември 2024

Хејли им дозволи на своите делегати да го поддржат Трамп на Националната конвенција на републиканците

Хејли им дозволи на своите делегати да го поддржат Трамп на Националната конвенција на републиканците

Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) – Ники Хејли им дозволи на делегатите што ги освои на овогодишните прелиминарни избори на Републиканската партија да го поддржат претседателскиот кандидат Доналд Трамп на партиската конвенција следната недела.

Хејли, која доби поддршката од 97 делегати за време на прелиминарните избори, апелира на единство во партијата пред Националниот конгрес на републиканците, што ќе се одржи во Милвоки, Висконсин.

Таа демократскиот кандидат и актуелен претседател Џо Бајден го оцени како „неспособен за втор мандат“, а доколку потпретседателката Камала Харис би била избрана тоа „би била катастрофа за Америка“.

- Потребен ни е претседател кој ќе бара одговорност од нашите непријатели, ќе ја заштити нашата граница, ќе го намали долгот и ќе ја врати економијата на вистинскиот пат. Ги охрабрувам моите делегати да го поддржат Доналд Трамп следната недела во Милвоки, истакна Хејли.

Хејли не е поканета Националниот конгрес на републиканците.

- Таа јасно стави до знаење дека ќе гласа за него (Трамп) и му посакува се најдобро, изјави портпаролот на поранешната гувернерка на Јужна Каролина и поранешна амбасадорка на САД во ОН.

Хејли претходно го обвини Трамп дека предизвикува хаос и ја игнорира важноста на американските сојузи со странските партнери. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан