• понеделник, 23 декември 2024

Херчински: ЕУ замрзнала 29 милиони евра од одбранбените фондови за Грузија

Херчински: ЕУ замрзнала 29 милиони евра од одбранбените фондови за Грузија

Тбилиси, 9 јули 2024 (МИА) - ЕУ замрзна 30 милиони евра одбранбени средства за Грузија, откако го запре процесот на пристапување на земјата во јуни, изјави денеска евроамбасадорот во Грузија, Павел Херчински.

Херчински рече дека ЕУ сега ја замрзнала поддршката за Грузија од Европскиот мировен фонд (ЕПФ), која за оваа година изнесува 30 милиони евра.

„Се разгледуваат и други мерки, доколку состојбата дополнително се влоши“, истакна Херчински.

Тој оцени дека е тажно да се гледаат односите меѓу ЕУ и Грузија на толку ниско ниво, кога можеле да бидат на највисоко ниво досега.

ЕУ ѝ додели кандидатски статус на Грузија на крајот на 2023 година, но односите со Тбилиси се влошија откако грузискиот Парламент го усвои законот за „странски агенти“ во мај, и покрај масовните протести и ветото на грузиската претседателка Салома Зурабишвили.

На 27 јуни, Европскиот совет соопшти дека законот претставува назадување во чекорите што Грузија треба да ги исполни како кандидат за членство во Унијата, што „де факто“ води до запирање на процесот на пристапување. Тој закон предвидува дека организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од средствата од странство ќе бидат регистрирани како „странски агенти“ или ќе се соочат со парични казни.

ЕПФ помага во финансирањето на безбедноста и одбраната за партнерите во ЕУ, вклучувајќи ги Молдавија, Северна Македонија и Африканската унија. Украинските вооружени сили добија поддршка од 6,1 милијарди евра од ЕПФ.

Американското Министерство за одбрана на 5 јули соопшти дека на неодредено време ги одложи заедничките воени вежби со Грузија. паг/

Фото: Јаху

 

Остани поврзан