• сабота, 11 мај 2024

Хеликоптерот на МВР со исфрлени над 50 тони вода го локализираше пожарот кај Дојран

Хеликоптерот на МВР со исфрлени над 50 тони вода го локализираше пожарот кај Дојран

Скопје, 5 август 2023 (МИА) - Одделот за воздухопловни единици при МВР денеска дејствуваше во реонот на Дојран, каде успешно беше локализиран пожарот кој  настана околу 12  часот, информираат од МВР.

Притоа хеликоптерот на МВР (Мi171) во 20 налети прецизно фрли над 50 тони вода врз најкритичните точки и со поддршка на локалните пожарникари пожарот е локализиран. сст/дма/

Фото:МВР

Остани поврзан