• вторник, 14 мај 2024

Хеликоптерот на МВР исфрли над 10 тони вода врз пожарот кај Белица

Хеликоптерот на МВР исфрли над 10 тони вода врз пожарот кај Белица

Скопје, 21 октомври 2023 (МИА) - Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар близина на село Белица, општина Македонски Брод, упати хеликоптер од типот Бел 412. 

- Полицискиот хеликоптер Бел  412, во координирано постапување со противпожарните единици, дејствуваше на многу висок и непристапен терен, каде беше опожарена борова и нискостеблеста шума, при што исфрли над 10 тона вода и помогна во локализирање на еден крак од пожарот, соопшти МВР. мд/

Фото: МВР 

 

Остани поврзан