• понеделник, 24 март 2025

Хегсет ја критикува судијката за блокирање на забраната за трансродовите лица да служат во војска

Хегсет ја критикува судијката за блокирање на забраната за трансродовите лица да служат во војска

Вашингтон, 23 март 2025 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја критикуваше окружната судијка во Вашингтон Ана Рејес за блокирање на забраната за трансродовите лица да служат во американската војска.

Хегсет на платформата „Х“ напиша дека Рејес ги надминала своите овластувања со таа одлука.

На 27 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која ги ограничува правата на трансродовите лица, вклучувајќи го и правото да служат во американската војска.

Рејес ја блокираше забраната, со образложение дека го нарушува правото на еднаквост загарантирано со американскиот Устав. Рејес беше назначена од поранешниот американски демократски претседател Џозеф Бајден. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан