• четврток, 26 март 2026

Харис поради пожарите во Калифорнија ги откажа посетите на американските воени бази во Германија, во Сингапур и во Бахреин

Харис поради пожарите во Калифорнија ги откажа посетите на американските воени бази во Германија, во Сингапур и во Бахреин

Вашингтон, 10 јануари 2025 (МИА) – Потпретседателката на САД, Камал Харис ја откажа планираната посета на Германија и други земји поради пожарите во регионот на Лос Анџелес. Соопшти Белата куќа.

Харис на 17 јануари требаше да ја посети американската военовоздухопловна база Спангдалем во Германија, а потоа и американските воени бази во Сингапур и во Бахреин. Тоа ќе беа нејзини последни патувања како потпретседателка на САД.

- Поради пожарите во областа на Лос Анџелес, Харис одлучи да остане во САД за да учествува во напорите на владата за давање помош на погодените области, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го откажа планираното патување во Италија поради пожарите.

На 20 јануари се очекува републиканецот Доналд Трамп да ја преземе функцијата претседател, а Харис и Бајден да ги напуштат своите функции. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан