Харден го пропушти дуелот со Сакраменто поради повреда на скочниот зглоб
- Најдобриот играч на Хјустон, Џејмс Харден го пропушти натпреварот против Сакраменто одигран ноќеска во „Тојота центар“.

Хјустон, 3 јануари 2021 година (МИА) – Најдобриот играч на Хјустон, Џејмс Харден го пропушти натпреварот против Сакраменто одигран ноќеска во „Тојота центар“.
Според инсајдерот Џонатан Фајген, 31-годишниот Американец не бил во можност да игра поради дисторзија на десниот скочен зглоб.
Харден оваа сезона настапи на три средби и имаше просек од 37 поени по натпревар.
Хјустон го доби мечот со Сакраменто со 102:94.
На другите НБА натпревари одиграни ноќеска постигнати се овие резултати:
Индијана – Њујорк 102:106
Орландо – Оклахома сити 99:108
Филаделфија – Шарлот 127:112
Атланта – Кливленд 91:96
Њу Орлеанс – Торонто 120:116. зс/