• недела, 22 декември 2024

Харвард го отстрани повезот од книга направен од човечка кожа

Харвард го отстрани повезот од книга направен од човечка кожа

Кембриџ, 28 март 2024 (МИА) - Универзитетот Харвард денеска соопшти дека го отстранил повезот од книга од 19 век направен од човечка кожа, која се наоѓа во библиотеката на универзитетот. Повезот е отстранет од „етички причини“ поради начинот на кој бил направен, пренесува „Гардијан“.

„По внимателно проучување, ангажирање на засегнатите страни и размислување, решивме да го отстраниме повезот и ќе работиме со властите за да ги финализираме и со почит да ги отстраниме овие човечки останки“, информира Харвард. Станува збор за книгата „Des Destinees de l'Ame“ (Судбини на душата), на францускиот писател Арсен Усе, која се чува во библиотеката Хоутон од 1930-тите.

Книгата привлече меѓународно внимание во 2014 година, кога тестовите утврдија дека нејзиниот повез е направен од човечка кожа. Тогаш беше откриено дека првиот сопственик на книгата, францускиот лекар Лудовик Булан, направил повез за книгата со кожа на почината пациентка во болницата каде што работел - без согласност на нејзиното семејство. ссм/

фото: Харвард

Остани поврзан