• петок, 20 септември 2024

Харадинај со евроамбасадорот Орав: Косово мора да се врати на курсот на евроатлантските интеграции

Харадинај со евроамбасадорот Орав: Косово мора да се врати на курсот на евроатлантските интеграции

Приштина, 18 септември 2024 (МИА) – Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, на денешната средба со новиот амбасадор на Европската унија во Косово, Аиво Орав, ја истакна посветеноста на неговата партија за да ја поттикне евроатлантската агенда на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата со новиот шеф на мисијата на ЕУ во Косово, Харадинај на својата  страница на Фејсбук напиша дека „Косово мора да се врати на својот курс кон евроатлантските интеграции“.

„Денеска му посакав добредојде на амбасадорот на ЕУ во Косово, г. Аиво Орав..., а воедно ја изразив потребата за напредок на нашата земја кон интеграциите во ЕУ. Како Алијанса, ја потврдив нашата посветеност на интеграциската агенда и поддршката за неопходните реформи што нашата земја мора да ги истурка напред. Нагласив дека Косово треба да се врати на својот курс кон евроатлантските интеграции. Ова патување треба да кулминира со членство во НАТО и ЕУ“, напиша Харадинај. иа/

Остани поврзан